Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Рама сака трет мандат: СО ИЛИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈА ќе ги добиеме изборите на пролет

Албанскиот премиер, Еди Рама не ги крие амбициите за трет мандат и искажува убеденост дека ќе победи на изборите на 25 април 2021 година.

Посочи дека со или без опозицијата победата е на неговата Социјалстичка партија со што директно одговарајќи и на опозицијата за можноста да ги бојкотира парламентарни избори.

Ние ќе продолжиме со работа. Ниту она што го реков, што правиме и што ќе направиме нема никаква врска со фактот дека следната година има избори. Ние победуваме на изборите, со или без опозицијата. За ова нема дискутира. Ние победуваме над многу ситни индивидуи, над многу индивидуи кои можат да имаат свои нездоволства, зашто народот е помудар од кој било од нас, поединечно, рече Рама.

Според него народот ќе знае „праведно да зборува на денот на изборите“ и оти ниту „една индивидуа не е народ“.

Им велам на сите што велат дека јас сум народ, дека никој нема мандат и право да зборува во име на народот, освен самиот народ кога ќе дојде денот и тој ќе зборува како што зборува. Убеден сум дека тој повторно ќе зборува директно и ќе му го даде на Бога она што му припаѓа на Бога и на Цезар она што му припаѓа на Цезар, порача Рама.

Последните парламентарни избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година на кои левата коалиција преводена од Социјалстите на Рама вторпат по ред ги доби изборите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...