Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОРБАН УВЕРЕН ВО ПОБЕДА НА ТРАМП: Секогаш верувам во план А

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека е убеден дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе добие нов мандат на изборите во ноември и рече дека не размислува за каков било друг исход.

– Единствената причина што седам тука откако и поминав повеќе од 30 години во политика е затоа што секогаш верувам во мојот план А, рече Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија има исклучително добри односи со Трамп, оценувајќи дека, во случај да победи на изборите демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, нивото на отвореност, љубезност и взаемна помош ќе биде помало.

– Но, мојата пресметка е исправна. Тој (Трамп) ќе победи, рече Орбан.

На прашањето како победата на Трамп ќе влијае на ЕУ, Орбан рече дека тоа ќе биде удар за оние кои веруваат дека блокот е изграден околу институциите.

– Ако ја разбирате Европската унија како централизирана сила чиј дух и срце се институциите, Трамп не е најдобра опција, но ако верувате дека Европската унија не е ништо друго освен заедница на земји-членки – Трамп е ок, убедливо најдобар, рече Орбан.

Тој додаде дека доколку Трамп победи на изборите, ЕУ ќе мора да ги нормализира трговските односи со САД и да го разјасни прашањето за долгорочното присуство на американски војници на европско тло.

Во исто време, тој го поздрави предлогот на Полска да биде домаќин на американски војници, кои се повлекуваат од Германија, но тој истакна дека не е потребно Унгарија да го стори истото, бидејќи не се соочува со директна закана од Русија.

Тој додаде дека Унгарија ќе го исполни барањето да се потрошат два проценти од БДП за одбрана на НАТО, што е силно поддржано од Трамп.

На прашањето колку време ќе и треба да го стори тоа, Орбан рече „не повеќе од пет години“

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...