Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ОДЛОЖЕН СОСТАНОКОТ Србија – Косово во Брисел

Дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше закажан за понеделник, е откажан поради пандемијата на коронавирусот, соопшти специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Поради претпазливост во врска со Ковид-19, состанокот во рамките на дијалогот (Белград и Приштина) закажан за понеделник следната недела ќе биде одложен, објави Лајчак на својот профил на Твитер.

Лајчак претходно изјави дека делегациите на Косово и Србија ќе се состанат в понеделник, 28 септември во Брисел, за да ги продолжат разговорите за финансиските побарувања и имотот и дека заедницата на српските општини нема да биде на дневен ред.

Не е познат нов датум за состанокот, јави Бета.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...