Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Гледал седница на Парламентот на Црна Гора, па тргнал во напад: Работник тврди дека директорот го ТЕПАЛ ЗАРАДИ ИЗБОРНИОТ ИСХОД

Директорот на ЈП Комунално и водовод Жабjак, Радован Бошковиќ, наводно, револтиран од изборните резултати, го нападнал, најпрво вербално, а потоа и физички, Риста Шамшала, вработен во таа компанија, во службените простории, пишува црногорски Дан.

Според изјавите на очевидци, Бошковиќ, видно изнервиран од исходот на гласањето на конститутивната седница на Парламентот на Црна Гора, чиј пренос во живо го следел во блискиот локал, влегол во сметководствената канцеларија на компанијата, каде го нашол и Шамшал.

Потоа, тој вербално го нападнал, навредувајќи го и пцуејќи го, а потоа го фатил за главата од позади и го плеснал на масата удирајќи го со тупаници.

Според медиумите, Шамшал не пружал никаков отпор.

Малтретирањето престанало откако интервенирале други вработени, а во меѓувреме пристигнала и полицијата, пренесува порталот ЦДМ.

Шамшал потврди дека Радован Бошковиќ го нападнал во службените простории пред три дена, прво вербално, а потоа и физички.

– Сè се случуваше во работното време. Иако ми ги одзеде сите одговорности како шеф на чистотата, јас му доставив фактура за потпис. Ја потпиша, но веднаш започна да ме пцуе и да ме навредува. Потоа ме турна и ме фати за врат. Ја напуштив таа канцеларија и влегов во мојата канцеларија, седнав на масата и повикав полиција. Сепак, тој ме следеше и ме удри во главата, заканувајќи се дека ќе ме пресече за главата и дека не знам со кого си имам работа – рече Шамшал.

Полицијата му потврди на Дан дека е поведена постапка против Бошковиќ.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...