Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, се огласи за првата седница на новиот парламент и објасни дека претходно преземените обврски го спречиле да присуствува, но и дека нема намера да поднесе оставка.
– Сè уште е само протоколарно прашање. Многу е поважно што постојано изјавувавме дека ги признаваме резултатите од изборите и им честитаме на победниците. Ќе сториме сè за трансферот на власта да се одвива брзо и непречено”, рече тојво интервју за Око Глобуса
За потсетување, Алекса Бечиќ, новоизбраниот претседател на Собранието, побара оставка пред неколку дена, а Ѓукановиќ рече дека ќе остане на таа позиција.
– Секој може да побара моја оставка, а сега и јас можам да побарам негова оставка. Јас сум легитимно избран претседател, многу сум горд на сè што постигнавме и мислам дека треба да продолжам да работам. Кој не сака да соработува, нема го загрози моето функционирање како претседател. Имам одреден капацитет на уставни овластувања што ќе ги користам како порано, рече Ѓукановиќ.
Споредувајќи ја ситуацијата со онаа на хрватската политичка сцена, тој рече дека во Црна Гора ќе има „нормална кохабитација, барем што се однесува до мене“.
Тој изјави дека последната фаза на легитимирање на изборниот процес започна со конституирање на Собранието.
– Претседателот на парламентот е избран и барем неформално го објави кандидатот за премиер. Велам неформално, затоа што сега започнува да тече период од еден месец во кој претседателот ќе се консултира со лидерите на политичките партии. Владата мора да биде конституирана во следните 90 дена, заклучи тој.