Потпретседателот на здружението на ветерани од таканаречената Ослободителна војска на Косово, Насим Харадинај, е уапсен денес во Приштина.
Според „Газета експрес“, тој бил уапсен од припадници на специјалните сили на пат за телевизијата Т7 на интервју.
Харадинај одбил да влезе во автомобилот и чекал додека не пристигнат припадниците на косовската полиција.
Насим Харадинај, брат од чичкото на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, го обвини новинарот Вехби Кајтази за апсењењето.
– Не одам со нив, само со косовската полиција – рече Харадинај за „Експрес“
Ова денес беше второ апсење на припадници на поранешна ОВК.
Првото нешто се случи околу пладне, во просториите на здружението на ветерани на ОВК, кога членови на ЕУЛЕКС упаднале и го уапсиле претседателот на ова здружение, Хисни Гукати.