Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ТЕНЗИЧНО ВО КОСОВО: Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа шишиња кон припадниците на ЕУЛЕКС

Припадници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК) ја блокираа попладнево улицата „УЧК“, каде што се ноѓа седиштето на Организацијата, во знак на протест поради апсењето на претседателот на организацијата, Хисни Гуцати, од страна на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тие фрлаа шишиња и други предмети кон припадниците на ЕУЛЕКС кои учествуваа во денешната неколкучасовна акција во седиштето на ОВВ-ОВК, извдедена на барање на Специјализираните комори, односно меѓународниот суд за Косово, кој ги истражува претпоставените воени злостроства во и непосредно по ксоовско-српската војна од 1998-99 година.

Полицајците на ЕУЛЕКС, кои по апсењето на Гуцати останаа на местото на настанот, се засолнија во влезот на зградата во која се наоѓа седиштето на ОВВ-ОВК и досега нема информации за евенетуални повредени во протестот, ниту од нивна, ниту од страна на групата која протестира.

Ситуацијата, без инциденти, ја расчистија припадниците на Полицијата на Косово, кои го обезбедуваа објектот во кој се наоѓаат канцелариите на ветераните на ОВК.

Членот на раководството на ОВВ-ОВК, Метуш Криезиу, кој им се обрати на новинарите пред седиштето на организацијата, информира дека Гуцати, според членовите на неговото семејство, веќе е префрлен во Хаг и е сместен во притворното одделение на Меѓународниот суд, познат во косовската јавност како „суд за ОВК“.

Тој рече дека ОВВ-ОВК не повикала на протест пред нејзиното седиште и нагласи дека доколку го стореше тоа „ќе имаше блокада и ситуацијата ќе беше многу потешка“.

Ги повикуваме нашите институции да реагираат, за да не дојде до ескалација на ситуацијата, порача Криезиу.

Новинската агенција КосоваПрес, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека, по повод најновите случувања, попладнево се очекува седница на претседателите на ограноците на ветеранската организација на ОВК.

Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица доставија бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг.

Денешниот упад на ЕУЛЕКС во просториите на ОВВ-ОВК и апсењето на Гуцати уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово и офицер на ОВК Салих Мурати, кој е првиот официјално обвинет од трибуналот во Хаг. Мурати и Гуцати се првите од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 кои се уапсени по налог на Специјализираните комори за Косово.

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го упаси попладнево и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната восјка на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...