Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на Спасовски со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир

Денеска  министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ  Дејвид Гир. 

На средбата присуствуваа и заменик на министерот  Назим Буши, државниот секретар Магдалена Несторовска и помошник на министерот за ЕУ и меѓународна соработка  Муамет Реџепи. Министерот Спасовски му честиташе на амбасадорот Дејвид Гир за преземањето на функцијата шеф на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и му се заблагодари за поддршката во процесот на приближување на државата кон ЕУ, особено помошта што нашата држава ја добива за справување со последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Министерот Спасовски потенцираше дека еден од нашите приоритети членството во НАТО  веќе стана реалност, а следна цел е рамноправно членство во ЕУ. Реформите во безбедносните служби со помош на ЕУ и САД ни помогнаа да формираме модерна служба, која ќе работи за доброто на граѓаните.Во тој контекст, во наредниот период нашите активности  ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на полициските службеници и јакнење на меѓуграничната соработка.

Амбасадорот Гир ги поздрави направените реформи и ја истакна важноста и одговорноста која ја има МВР  како институција за борба против организираниот криминал. Тој нагласи дека е важно јакнењето на натамошната соработка во областите кои претставуваат заеднички приоритети, како што се борба против оргинизиран криминал, компјутерски криминал и проблемот со  миграцијата.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...