Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Пахор пречекан во вила „Водно“ со највисоки државни и воени почести

Словенечкиот претседател Борут Пахор кој престојува во дводневна официјална посета на Северна Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести. Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна.

Пахор и Пендаровски најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија. Потоа е предвидена заедничка прес-конференција.

Пахор и Пендаровски ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Словенечкиот претседател Пахор кој престојува во дводневна во официјална посета на Северна Македонија на покана на Пендаровски, во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Утре, Пендаровски и Пахор ќе заминат за Охрид каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода. 

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...