Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ОВА СЕ ЗАГИНАТИТЕ ПИЛОТИ во несреќата во Србија при падот на авионот МиГ-21

Пилотите мајор Дејан Крсниќ и капетанот на прва класа Звонко Васиљевиќ од 101-та ловечко-авијацијска ескадрила на 204-та воздухополовна бригада на војската на Србија починаа при падот на авионот МиГ-21 во близина на Мали Зворник, соопшти српското министерство за одбрана, пренесува Недељник.рс.

Пилотот мајор Дејан Крсниќ, командир на 4-то авијацијско одделение на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 28 мај, 1971 година во Белград. Тој во професионална воена служба бил од 30 јули 1994 година. Оженет е и татко на едно дете.

Пилотот капетан од прва класа, Звонко Васиљевиќ, помошник командант за разузнавачко-извиднички работи на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 3 октомври 1977 година во Лозница. Во професионална воена служба бил од 29 септември 2001 година. Оженет е и татко на две деца.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ упатиле сочувство до фамилиите на загинатите пилоти.

Авионот МиГ-21 бил прегледан пред полетување во склад со сите процедури и по прегледот било констатирано дека нема проблем и е спремен за лет, наведува Министерството за одбрана.

Тој се срушил денеска околу 9.10 часот при извршување на редовни летачки задачи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“,...