Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Димовски: Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања

Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања и мора да понуди платформа. Доколку сам го истурка процесот со Бугарија, нема основа да бара соработка со опозицијата, изјави екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во Клик Плус на ТВ 21.

Димовски истакна дека доколку Заев се одлучи на неговата методологија од претходниот мандат, со еден пратеник од ваму, притисни, употреби други органи во државата ќе направи хаос и непревидливи последици.

– Договорот со Бугарија се склучи без поддршка од опозицијата. Ние имавме 5 забелешки, една од нив беше токму за оставањето  нејаснотии околу идентитетските прашања. Наш став беше дека мора да се спомене македонскиот народ и македонскиот јазик.  За комисијата предупредив дека таа ќе биде алатката на Бугарија за одолговлекување на преговорите, изјави Димовски.

Тој додаде дека постои можност европската дипломатија, односно Германија да се вложи во овој процес и овие теми да ги стави настрана, но не е оптимист затоа што Бугарија оди на избори, а  политичката позиција на Борисов е ослабена и затоа посочи дека Заев мора да понуди иклузивност на ВМРО-ДПМНЕ во ова прашање.

– Бугарската страна се повикува на членот 7 од преспанскиот договор, тоа е еден од најопасните каде две држави си дозволиле да дефинираат идентитет на своето население тоа е надвор од здравиот памет. Тој член Бугарија како пример го внесува во својата логика низ резолуцијата и меморандумот. Нелогичен е членот 7 од Преспански и барањата од бугарската страна. Не може мене како Илија Димовски да ми наметне идентитет. Ако кажам дека сум Македонец, ниту еден договор не треба да ме дообјаснува што мислам јас под моето идентификување како Македонец. потенцираше Димовски.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...