Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДЕВЕТ ПОЧИНАТИ И 143 ЗАРАЗЕНИ од коронавирус изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-3.

Во болнички услови се починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6782, активни 626

• Куманово 1729, активни 176

• Дебар 282, активни 41

• Штип 1243, активни 57

• Прилеп 652, активни 122

• Тетово 1411, активни 172

• Струга 662, активни 61

• Велес 316, активни 37

• Битола 285, активни 59

• Охрид 418, активни 46

• Кавадарци 225, активни 39

• Гостивар 924, активни 110

• Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 215, активни 136

• Крива Паланка 102, активни 27

• Радовиш 75, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 319, активни 140

• Пробиштип 108, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 43, активни 3

• Берово 91, активни 28

• Валандово 27, активни 18

• Виница 105, активни 27

• Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 1

• Свети Николе 327, активни 24

• Кичево 317, активни 38

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1504 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-320,  Биотек-169, МАНУ -92, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-10, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-26, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

најчитани вести

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Забава

Секси адвокатката, Редона Кочи ги полуди нејзините следбеници со жешки фотографии на социјалните мрежи. Таа позираше скрос гола друга девојка покриени со ливчиња од...

Македонија

Игор Дурловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 5 на “Коалицијата за Обнова на Македонија “ доцна синоќа преку Фејсбук објави дека...

Македонија

Носителот во петтата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Игор Дурловски поднесе оставка од пратеничката позиција. Оставката ја објави на својот профил на Фејсбук....