Јас го отплакав, година дена го плачев Преспанскиот договор, изјави во Клик Плус на ТВ 21, Гордан Георгиев, екс пратеник од СДСМ.
– Јас гласав за, напишав дека ќе гласам за, но имам многу сериозни забелешки. Многу ми се посериозни мотивите околу фабрикуваното двотретинско мнозинство. Топа се тули во зградата наречена Македонија кои се многу кршливи, истакна Георгиев.
Во однос на заканите на Бугарија тој вели дека Меморандумот на Бугарија, тие се многу експлицитни и велат дека не не признаваат како нација и тоа го прават на некоректен начин.
– Мислам дека комисијата наша е добра и дека е принципиелна и ќе издржат што ќе биде со политичките елити, ако Заев одлучи да ја истера работава сам ќе имаме долгорочен проблем со Бугарија, потенцираше Георгиев.