Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Владата бара, ДА СЕ УРНЕ ПОРТА МАКЕДОНИЈА И СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Владата со писмен допис побара од општина Центар да се избришат маркичките за Порта Македонија и за споменикот на Мајка Тереза.

Од општината за Алсат велат сега треба да имаат состанок со Министерство за култура каде ќе се дефинираат следните чекори. Од Ценатар се категорични дека евенталното отстранување на било кој споменик во централното градско подрачје е во надележност на инвеститорот што во случајот е Владата.

На почетокот на оваа година Владата донесе одлука споменикот на Мајка Тереза наместо да се урива да се пренамени, но со испратениот допис најавуваат дека сега се предомислиле. За проектот Скопје 2014 беше формирана работна група уште во 2017 година која покрај барањето за уривање на овие два споменици, бараше и бришење на т.н. Шпански скали, а спомениците од Полоштад Македонија да бидат дислоцирани.

Образложението на работната група беше дека во сите случаи се работи за тешко прекршување на законите што ја уредуваат материјата на подигање на споменици, законите за буџет како и на јавните набавки.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...