Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Вештак во ,,Монструм”: Има неточни податоци во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир

Поранешно надворешно обезбедување на МРТВ, сегашен инспектор за општ криминал во СВР Тетово, Арменд Ганиу, денеска сведочеше во случајот ,,Монструм”, како лице кое во 2012 на денот на убиството во Смилковско Езеро, разговарало со негови блиски да дознае нешто повеќе на настанот.

– Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. Потоа му се јавив на Фадил, бидејќи тој во тоа време беше близок со Мендух Тачи, и тој не знаеше. Јас бев збунет и затоа му се јавив, рече сведокот Ганиу.

Свое повторно сведочење за овој судски предмет денеска имаше и вештакот Снежана Николовска, кој за разлика од претходниот пат сведочеше за нејзината лиценца.

– Немам лиценца за вештачење на земја, затоа што не постои таква лиценца. Имам лиценца за вештачење во Хемиска лабораторија, за микро траги, огнено оружје, земја, текстилни влакна и за деривати. Лиценцата гласи во мое име. Не се сеќавам дали сум поседувала лиценца кога е извршено вештачењето, наведе вештакот Николовска, која додаде дека ги чува сите примероци од вештачената земја.

Таа уште истакна дека во овој случај правела исклучок и сама била на местото Враживир (каде е најдено возилото ,,опел омега”) да земе примерок од земјата.

Николовска рече и дека вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следуваше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесни дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа.

– Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Нејзиниот распит за денешното рочиште денеска заврши, со одлука за следните пет дена да достави дополнителни списи од вештачењето и примерок од лиценца за вештачењето. 

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

Захиа Деар, која се прослави како малолетна проститка која меѓудругото спиела и со француските фудбалери Франк Рибери и Карим Бензема, денес е дизајнерка, модел,...

Забава

Тиквата е зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот и затоа треба почесто да ја има на нашата трпеза. Ја одржува...