Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БИЗАРНО: Семејството на убиениот треба да плати 18.000 ЕВРА НАМЕСТО УБИЕЦОТ

Семејството на 24-годишниот Никола Скарпа, кој беше убиен пред 11 години во пресметка меѓу две наполитански мафијашки семејства, доби сметка од 18.000 евра за судски трошоци, затоа што убиецот „не поседувал ништо, а некој треба да ги плати трошоците за тужбата“.

Апсурдната судска пресуда е донесена откако судењето утврди дека убиецот Емануела Таракано, дваесет и двегодишната ќерка на починатиот шеф на мафијата, немала имот или приходи за време на злосторството, па сега семејството веќе погодено од трагедијата ќе мора да плати илјадници евра, бидејќи невин млад човек се најде на погрешно место и во погрешно време.

Емануел пукала во воздух како предупредување до припадниците на спротивниот клан, со кои се бореле за контрола на територијата во делот на Неапол познат како „шпански квартови“. Но, куршумот убил невин млад човек.

Таа е осудена на осум години затвор, но „казната“ стигнала и до семејството на жртвата и треба да платат 18.000 евра.

Адвокатот на семејството Скарпа најавува дека ќе побара интервенција од претседателот на Италија, за да посредува во овој апсурден пресврт на судскиот процес.

– Државата не беше во можност да ја гарантира безбедноста на жртвите, а сега бара од мајката и сестрата да ги платат судските трошоци. Тоа е исмејување на оние кои веќе страдаат поради загубата на нивниот син и брат – изјави адвокатот на семејството на жртвата, Анџело Пизани.

најчитани вести

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...