Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Ѓукановиќ НЕ БРЗА ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ за новата влада

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ќе го предложи мандатарот за состав на владата до 23 октомври, изјавија од канцеларијата на претседателот за МИНА.

– Согласно надлежностите утврдени со Уставот, претседателот на Црна Гора ќе ги изврши предвидените процедури и ќе предложи мандат за состав на влада во рок од 30 дена од денот на конституирање на парламентот, соопшти кабинетот, пренесува „Вијести“.

Пратениците на новото парламентарно мнозинство, 41 од нив, со свој потпис го поддржаа носителот на листата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, за мандатар на новата влада.

Мандатарот ја објавува својата програма во Собранието и го предлага составот на владата.

Собранието одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на владата истовремено.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...