Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Фаучи со предвидување КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ

Во Италија, бројот на лица заразени со Ковид-19 расте, откриени се 1.670 нови случаи на инфекција во последните 24 часа, 250 повеќе од претходниот ден, а 20 лица починале.

Во текот на последните 24 часа, тестирани се рекорден број луѓе, односно повеќе од сто илјади.

Добро познатиот американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (NIAID), оцени дека Италија мора да биде крајно внимателна во оваа фаза, имајќи предвид дека инфекцијата со коронавирус се шири во соседните земји и дека ова е време на голем предизвик, бидејќи треба да ја крене и економијата.

Д-р Фаучи учествуваше на Интернет на конференцијата „Граници, фестивал на здравјето“ (Frontiere-Festival di Salute) организирана во Рим и по тој повод рече дека враќањето во нормален живот може да се очекува на крајот на следната година, 2021 година.

До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки: заштитни маски, физичко растојание, избегнување групни собири и останување надвор.

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

– Доволно е да се вакцинира 75% од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата, рече Фаучи.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...