Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СДСМ: Мицкоски е на страната на неправдата и криминалот

Реакција од СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски:

Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот.

Вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкуловска.

Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и обвинителството, како во мрачните години на режимот.

Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми.

Нема поголемо лицемерие тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација.

Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...