Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПРВО ДА ТЕ ИМА НА СПИСОК ПА ЌЕ СЕДНЕШ НА КАФЕ – Нови ригорозни мерки во Виена

Одење на кафе или на ручек во ресторан во Виена од понеделник нема да биде можно без да му ги дадете на сопственикот апсолутно сите информации за вас самите. Тоа е најновата мерка во борбата против коронавирусот.

Имено, секој што ќе сака да ги посети кафулињата, рестораните и баровите од следната недела, ќе мора да се пријави на посебни списоци на влезот, што ќе му овозможи на сопственикот на ресторанот да ги информира потенцијално загрозените граѓани, во случај да биде регистрирано дека некој од вработените или гостите е позитивен на коронавирус.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, рече дека новата мерка ќе стапи на сила во понеделник, но дека се уште се работи на тоа како точно ќе се информираат загрозените.

Одлуката новата мерка да стапи на сила е донесена откако во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 832 нови случаи на инфекција со корона вирус.

Тоа е петта најголема вредност на новозаболени лица од избувнувањето на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари. Експертите наведуваат дека состојбата во Виена е особено алармантна затоа што се евидентирани 431 нов случај на инфекција.

Расте и бројот на хоспитализирани лица, кој од вчера е зголемен за уште 50 пациенти.

Во моментов во Австрија има 8.470 активни пациенти, од кои 463 се хоспитализирани, а 78 се на интензивна нега.

Беа забележани и шест нови смртни случаи, со што бројот на смртни случаи се искачи на 783.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...