Лошите вести за Милан не завршуваат. По Дуарте, кај кого беше потврдено присуство на коронавирусот, од клубот предмалку потврдија дека позитивен на Ковид-19 е и најдобриот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ.
Тој сигурно нема да биде во тимот на „росонерите“ за дуелот со Бодо во Лигата на Европа вечерва. Сепак, натпреварот не е доведен под знак прашалник, бидејќи сите други играчи беа негативни на дополнителните тестови спроведени денеска.
Претходно имаше сомневање дека дури 13 членови на Милан се „ковид-позитивни“.