Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Гутереш: Човештвото не го помина тестот на пандемијата, МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА НЕ НИ УСПЕА

Човештвото не го помина тестот за новата пандемија, чии жртви веќе се приближуваат до милион, нагласи денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

– Пандемијата очигледно е тест за меѓународна соработка во која не успеавме. Вирусот веќе уби речиси милион луѓе ширум светот, погоди повеќе од 30 милиони и е надвор од контрола.

– Тоа е последица на недостиг на глобална подготвеност, интеракција, единство и солидарност, потенцираше Гутереш.

Според него, новиот коронавирус е предупредување за акција.

– Коронавирусот стана црна сенка за целиот наш свет. Но, тој исто така стана предупредување што треба да не поттикне на акција. Немаме друг избор. Или ќе се обединиме во рамките на глобалните институции што ја исполнуваат нивната цел, или ќе бидеме уништен од судири и хаос, смета Гутереш.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...