Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Работи ко сиромашните не можат да ги замислат, СЛАВНИТЕ ГИ ДОБИВААТ БЕСПЛАТНО

Некои светски познати милионери, и покрај огромното богатство, добиваат некои работи бесплатно.

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, е горд сопственик на златна картичка Мекдоналдс што му овозможува да јаде во кој било ресторан за брза храна на ова име на планетата, целосно бесплатно.

Од друга страна, американскиот режисер Џорџ Лукас никогаш не е гладен во град каде што има ланец  на ресторани „Бургер Кинг“. Добро познатите ресторани ја даваат оваа привилегија на познатите и богатите, но тие инсистираат на тоа дека не се зборува за престижни картички, па затоа не е позната комплетната листа на имиња.

Наградите и филмските премиери се одлично полигон за промовирање нови луксузни предмети. Затоа, не е изненадувачки што на богатите и славните луѓе им се даваат вреќи за подароци од огромна вредност.

На пример, на Оскарите тие достигнуваат зачудувачки вредности и до 168 илјади американски долари, па затоа се прошири слоганот дека никој не е губитник на свечената вечера на Американската академија. Пред неколку години, имаше ваучер за едногодишно изнајмување на луксузен автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1.200 американски долари, бесплатно патување во Италија и слични поволности.

Само мал дел од светската популација може да си дозволи резервација за комерцијален лет во вселената. Сепак, некои возбудливи искуства најбогатите авантуристи можат да ги добијат бесплатно. Кога светските т.н. мудреци ќе излезат со нова иновација – милионери и милијардери први ја добиваат бесплатно.

Сер Ричард Бренсон е љубител на екстремни спортови, па затоа не е изненадувачки што тој е меѓу првите што испробаа нови реквизити и возила за адреналински авантури, како што е преносливиот ракетен авион. Овој богаташ, тежок околу 4 милијарди долари, обожава китесурфинг и летање со балон на воздух, а поседува и приватна подморница.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...