Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОПАСНОСТ ОД 5G, САТЕЛИТИ КОИ ЌЕ ГО ПОКРИЈАТ НЕБОТО и останати митови во кои веруваат луѓето

Истражувањето за некои технолошки митови кои се шират на Интернет, во кои луѓето не престануваат да веруваат, објавено минатата година, се занимаваше со работи како што се, на пример: повеќе мегапиксели на дигиталните фотоапарати прават подобри фотографии, полнењето на телефонот преку ноќ некако ја оштетува батеријата и слично .

Ваквите технолошки митови не престануваат да постојат во новиот извештај, што истражувачите на страницата HighSpeedInternet.com го објавија за 2020 година.

Тие анонимно испитале 1.000 Американци за да се обидат да откријат што верува јавноста во врска со технологијата што се појавува. Излезе дека извештајот за оваа година е полн со нови митови!

Како прво, мрежата 5G нема да му наштети на вашето здравје, иако дури 25 проценти од Американците веруваат во спротивното. Работата на 5G технологијата се заснова на нејонизирачко зрачење кое не е доволно силно да им наштети на луѓето, пишува PCmag.

Ако мислите дека 5G целосно ќе го замени 4G, размислете уште еднаш. 5G е всушност изграден на 4G мрежа, па доколку вашиот телефон работи на 4G, тој сепак ќе работи по надградбата на 5G.

Дали некогаш сте помислиле дека сателитите околу Земјата ќе го прикријат светлиот поглед на ѕвезденото ноќно небо? Над една третина од испитаниците (36 проценти) сметале така. Лансирањето на стотици сателити во последниве години може да придонесе за оваа загриженост, но она што навистина го попречува погледот на астрономите кон планетите и ѕвездите е светлината на градовите што се одбива од облаците, пренесува PC Press.

– Главната причина зошто луѓето веруваат во технолошките митови е едноставна: Овие митови кружат на Интернет како вирус! – тврди Џо Фланаган, водечки развивач на апликации во GetSongBPM.

– Луѓето честопати паѓаат на мамки за кликање – и на крајот веруваат во митовите што им биле соопштени на тој начин!

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...