Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Обвинителите од пропаднатото СЈО, САКААТ ДА РАБОТАТ КАЈ РУСКОВСКА

Повеќето обвинители од веќе згаснатото Специјалното јавно обвинителтво (СЈО) конкурирале на огласот распишан за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што шефува Вилма Русковска, дознава „Фокус“.

Огласот е веќе завршен.

-Огласот заврши и се чекаат пријавите испратени по пошта. Досега се пристигнати 14 пријави, изјави Ацо Колевски, претседател на Советот на јавните обвинители.

Пријавените обвинители наскоро ќе бидат повикани на интервју и ќе се „борат“ за пет отворени места во Обвинителството.

По згаснувањето на СЈО, обвинителите од тимот на Катица Јанева само на хартија се вратија во матичните обвинителства, бидејќи останаа надлежни да ги доработат започнатите предмети. Петмина се водат под скопското јавно обвинителство, каде што шефува Сашо Рајчев. Поточно, тоа се обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Ајтан Ајро.

Повеќе на Фокус

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...