Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НЕНАМЕНСКО ТРОШЕЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ: ЕУ покрена 223 истраги против корупција

Антикорупциската агенција на ЕУ (ОЛАФ) минатата година започна 223 истраги поради разни злоупотреби, неправилности и злоупотреба на пари од европските фондови, се вели во извештајот на ОЛАФ за 2019 година.

На врвот на списокот на членови во кои ОЛАФ има најмногу работа е Романија со дури 11 отворени истраги минатата година, по што следи Италија со девет, додека Грција, Полска и Бугарија имаат по седум истраги на ОЛАФ за сомнително трошење на европски пари.

Во Хрватска, ОЛАФ минатата година отвори три истраги, од кои едната е завршена, пренесува порталот Индекс и додава дека според извештајот на тоа тело, тие се однесуваат на трошењето на средствата на ЕУ во водоиндустријата и третман на отпадни води.

– Првата истрага се однесува на два различни договори: првиот е потпишан во рамките на изградба на прочистувач на вода и канализациски систем во град на крајбрежјето, а вториот за изградба на четири објекти за прочистувач на вода, како и за инсталација на соларни панели. Вредноста на договорот е околу 40 милиони евра – се наведува во извештајот.

Во првиот случај, пронајден е судир на интереси помеѓу компанијата што ги извршувала работите и компанијата што ги надгледува, кои се поврзани, а во вториот случај е откриено повреда на правилата за јавни набавки.

Третиот случај се однесува на проект вреден 60 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето и канализацијата во хрватски град, каде се откриени неправилности на јавните тендери (понудувачите не биле навремено информирани за сите услови), поради што ОЛАФ издаде административни препораки за усогласување на јавните процедури во Хрватска со европските правила.

Мисијата на ОЛАФ е „откривање, истражување и дејствување за да се спречи проневера на средства од ЕУ“, а најмногу се занимава со случаи како што се измама на јавни тендери, двојно финансирање на проекти без знаење на финансиери, измами поврзани со субвенции и царинска измама.

Минатата година, агенцијата издаде 254 препораки за акција и и предложи на Европската комисија да побара поврат на 485 милиони евра, за кои ОЛАФ смета дека биле злоупотребени или проневерени.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...