Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Камчев и Николоски ја преземаат ВМРО-ДПМНЕ !?

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“ во партијата.

Грчот на лицето и чудната мимика на Мицкоски беа погласни и појасни од изјавата дека Игор Јанушев си заминувал од здравствени причини, а членовите на Извршниот Комитет се разрешени за да дојдат на нивно место поспособни кандидати.

Веројатно во потсвеста на Мицкоски се враќа периодот пред конгресот во Валандово, кога Јанушев беше еден од луѓето кои после Сашо Мијалков, највеќе му помогнаа од политички анонимус да стане претседател на најголемата партија. Загубениот поглед на Мицкоски покажа дека не станува збор за некакви „лични“ причини на Јанушев, а тешко дека станува збор и за планирана рокада од страна на Мицкоски. Доколку биле „лични“ причините , тогаш двајца блиски соработници како Мицкоски и Јанушев, истите ќе ги продискутирале многу поодамна и ќе излезеле со предлог за нов генерален секретар во истиот ден кога ќе била соопштена оставката на актуелниот. Истото образложение стои и за втората можност , односно смена испланирана од страна на Мицкоски. Колку и да е нов во високата политика, Мицкоски во таков случај веќе ќе имаше резервен играч кој ќе влеташе на позицијата на Јанушев.

Затоа, единствен веројатен исход е дека смената на Јанушев е изнудена од некои структури, што само по себе го иницира прашањето кој е толку моќен во ВМРО-ДПМНЕ за да му наметне обврска на Мицкоски да се откаже од својот соработник.

Јасно е дека таа наредба не доаѓа од долу. Тоа не се општинските комитети или Централниот комитет, а општо познато е дека Мицкоски и не ги слуша нивните препораки. Тоа не е ниту членството кое е разочарано од изборниот резултат, бидејќи јавноста веќе знае дека Мицкоски уште пред изборите го смени Јанушев од позицијата шеф на републичкиот изборен штаб.

Останува како можност дека е добиена насока од Будимпешта, но засега нема некоја издржана причина зошто одеднаш поранешниот претседател Никола Груевски би влегол во битка со Јанушев, доколку има добра соработка со Мицкоски или раководството за да им издаде ваква насока. Затоа и оваа варијанта е малку веројатна.

Тоа што е многу поверојатно е дека од најтесното раководство на партијата , изминативе година дена е отпочната широка операција за пуч во ВМРО-ДПМНЕ и преземање на водството. Според наши информации подолг период наназад истите структури шират информации за лошо работење на Јанушев. Изворите ни тврдат дека подолг период истите кругови ги умртвуваат општинските комитети, а потоа го обвинуваат Јанушев дека нема контрола и дека е неспособен да ги мобилизира.

Нашите извори велат дека единствениот во партијата кој е доволно моќен да тргне против Христијан Мицкоски е потпретседателот Александар Николоски. Тој ги има сите резурси, вклучително финансиските, безбедносните и медиумските.

Впрочем, ваквиот развој на настаните веќе го најавивме во текстот “Александар Николоски во поход по тронот во ВМРО ДПМНЕ

Втор моќен елемент е поранешниот член на СДСМ, Орце Камчев кој веќе му го наметна Александар Пандов на Мицкоски како прв човек на патриотскиот институт

Кога струите на Орце Камчев и Александар Николовски би се обединиле, јасно е дека Мицкоски ќе има многу мал маневраски простор, со оглед на тоа што е притиснат и од иницијативата за одржување на вонреден конгрес.

Веќе наголемо се говори дека исфрлањето на шефот на белата палата, кој му беше главен оперативец на Мицкоски е резултат на соработката на овие две струи. Смената на Димитар Димовски и останатите структури блиски до Мицкоски, исто така се шпекулира дека се смислени во кујната на Камчев и Николовски. На Мицкоски му било оставено само да прифати или да се соочи со нов пуч од внатре.

Од добро упатен извор дознаваме дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е во зачестена комуникација и веќе остварува средби со контроверзниот бизнисмен Орце Камчев. Нашиот извор тврди дека Александар Николоски ја подготвува операцијата за внатрепартиски пуч кој би го финансирал Орце Камчев, користејки го моменталнато незадоволство во партијата.

Според изворот, Николоски сметал дека моментот е перфектен поради поделбите во ВМРО-ДПМНЕ, каде огромен број делегати и екс функционери веќе бараат смена на Мицкоски и е започната иницијатива за вонреден конгрес.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

По долго боледување на 51 година утринава почина Горан Костадиновски – Гокси, еден од основачите на групата Комити. Си замина еден голем Вардарец, еден...

Македонија

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше...