Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Денес ќе заседава советот за безбедност

Денес, 23 септември 2020 година, среда, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...