Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ГЕРМАНСКА БОЛНИЦА ОД ПЕКОЛОТ: Доктор ги дрогирал па ги силувал пациентките

Германската полиција уапси доктор кој работел во болница во градот Билефелд поради сомнение дека дрогирал, а потоа и силувал неколку свои пациентки.

Како што пренесува „РТЛ“, докторот од клиниката „Бетел“ бил под „лупа“ на полицијата уште од пролетта кога една пациентка го пријавила дека ја „дрогирал“ пред да биде снимена на магнетна резонанца.

Истрагата утврдила дека докторот на пациентката ѝ дал лекови кои не биле неопходни. Сепак, таа не навела дека била злоставувана, туку дека докторот свесно ѝ наштетил на нејзиното здравје со вбризгувањето на непотребните медикаменти.

Набрзо потоа била отворена истрага која на крајот довела до претрес на станот на осомничениот доктор. Тоа што го откриле полицајците ја шокираше германската јавност. Имено, во телефонот на докторот биле пронајдени и снимки на кои се гледало како ги сексуално ги злоставува своите пациентки. Наводно снимил како силува дури 10 пациентки.

Точниот број на жртви на докторот-манијак засега не е утврден со оглед на тоа што не е познато дали го снимил секое злоставување или не. Се верува дека пациентките примиле големи дози на седативи пред да бидат силувани.

Осомничениот доктор, кој после пријавата на пациентката веќе бил суспендиран, сега доби и отказ, а неговото име било отстрането од списокот со доктори на официјалната интернет страница на болницата.

Уапсениот доктор би требало да биде сослушан во текот на оваа седмица.

најчитани вести

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Анита Ангелевска која викендов побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободен печат појасни...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Забава

Без разлика дали станува збор за ненадејно наследство или способност за препознавање на профитабилен проект, овие знаци се предодредени да имаат пари. БИК Бикот...