Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Беше на раб на егзистенција, сега е милијардер – ОВА СЕ НЕГОВИТЕ ТРИ СОВЕТИ ЗА УСПЕХ

Пред да стане милијардер, Марк Кубан се мачеше 20 години. Буквално врзуваше крај со крај, имаше долгови со кредитни картички и работеше дополнително за да „остане над вода“.

Така беше сè до моментот кога тој го продаде својот стартап „MicroSolutions“ во 1990 година, за 6 милиони долари. Конечно застана на нозе и денес е еден од најуспешните луѓе во светот. Бидејќи тој не е роден со богатство, ниту наследил нешто, советите на Кубан за пари и успех имаат уште поголема тежина.

Не акумулирајте долг на кредитна картичка

– Во ред е да користите заем за да купите куќа – ратите за хипотека се ниски тогаш и куќите можат да имаат поголема вредност, но вие не сакате да имате кредитна картичка што нема да ја плаќате секој месец – вели Кубан. Неговата позиција е дека „најлошата инвестиција во светот е каматата на кредитна картичка“ и додава: „Не можам да ви кажам колку картички скинав“.

Не купувајте работи што не можете да си ги дозволите

– Живејте како студент. Ова значи избегнување на прекумерно трошење на работи без кои можете да живеете. Колку повеќе пари можете да ставите во банка, ќе бидете во подобра ситуација ако нешто тргне наопаку – вели Кубан. Идејата за живот како студент ја научил од книгата „Cashing in on the American Dream: How to Retire at 35“. Тој вели дека книгата го мотивирала да штеди и да биде дисциплиниран.

Научете да преговарате

– Луѓето не ја разбираат моќта на преговорите – верува овој милијардер и додава дека употребата на готовина може да биде моќно средство за преговори. Тој вели дека се држел до тоа кога го „скршиле“, но дека тоа не го прави сега затоа што луѓето знаат кој е и колку има. Сепак, тој вели дека луѓето ќе земат од вас онолку готовина колку што ќе им понудите, по принципот „подобро што било од ништо“.

најчитани вести

Македонија

Со реакции за вчерашното интервју на Премиерот Заев, денес се јавија и Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Некогашни лути политички ривали, а потоа и...

Свет

Шесмина луѓе, воглавно лекари, денеска се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, соопштиле локални медиуми. Криминална група ги лажела семејства на...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...