Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Oбвинение зa тетовецот кој на двапати си ја истепа жената среде Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено продолжено кривично дело – телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и вo врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, обвинетиот 40-годишник од Тетово со престојувалиште во Скопје, во временскиот период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла презел временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело.

На 30 август, во семејниот дом во Скопје при вршење семејно насилство, со умисла ја повредил поранешната сопруга, така што со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.

На 1 август, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла телесно ја повредил оштетената, која со нивните заеднички малолетни деца била излезена на прошетка. Обвинетиот со такси возило ја чекал пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници повторно ја удрил во главата и во десната подлактица.

Од двата напади кај оштетената билe нанесени телесни повреди во вид на набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.

Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување кон оштетената, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, стои во соопштението на ОЈО.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...