8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Драстичен пад на цената на Али, но од Тотенхем не сакаат да чујат за помалку од 100 милиони евра!

Деле Али веќе неколку сезони е пред трансфер во некој од гигантите. Реал Мадрид се споменува како негова следна дестинација, но никако не може да се договорат со Тотенхем. Иако од „кралевите“ најавија дека овој преоден рок нема да купуваат играчи поради пандемијата од коронавирусот, сепак, падот на неговата цена може ќе ги премисли челниците на најтрофејниот европски клуб.

Тотенхем бара за него 100 милиони евра, иако неговата цена е во драстичен пат со оглед на лошата форма но и пандемијата. Сега изнесува некаде околу 60 милиони, а Реал се надева дека може да го добие и за помалку. Ама од Тотенхем не сакаат да чујат за ништо под 100 милиони, што навистина е премногу.

Со оглед дека Мурињо не е многу задоволен од неговата форма, па често може да се види и на клупата, се очекува цената дополнително да паѓа, па Тотенхем ќе мора да намали малку ако сака нешто да заработи.

За Али има интерес и од ПСЖ, но и тимот од Париз не е подготвен да плати толку пари за англискиот репрезентативец.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести