Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Часовите ќе траат пократко од 40 минути, а постои можност и за скратување на училишната година

Министерството за образование и наука (МОН) го поздравува донесувањето на измените на законите за основно и за средно образование со кои се овозможува непречено организирање на наставата и во услови на вонредни околности.

Со законските измени, што вчера ги донесе Собранието, за првпат во државата се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во случаи кога има кризна состојба, прогласена епидемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди.

Исклучоците се прават во однос на започнувањето  и завршувањето на учебната година односно учебната година може да започне и заврши во време различно од времето кога вообичаено започнува, за што ќе одлучува Владата.

– Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите, организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата, појаснуваат од МОН.

Измените на двата закона предвидуваат часот да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство, а предвидена и можност за кратење на наставните денови од 180 на најмалку до 100.

Од МОН посочуваат дека законските измени биле подготвени врз основа на студии од меѓународни организации како што се Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), Меѓународната фондација на Црвениот крст (ИФЦР) и истражувањата поврзани со КОВИД-19.

За успешен почеток на учебната година, усвоени се протоколите и планот според кои во тек се подготовките во основните и средните училишта за почеток на наставата од први октомври. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...