Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СТУДИЈА: Еве по кој редослед се појавуваат СИМПТОМИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Една нова студија од Универзитетот во Јужна Калифорнија откри дека симптомите на Ковид 19 обично се појавуваат во одреден редослед. Ова може да им помогне на луѓето со Ковид-19 да се изолираат на време и да започнат со третман порано, со што значително ќе се подобрат резултатите на пациентите, но исто така и ќе се намали ширењето на вирусот.

Редоследот на симптомите е важен“, рече Џозеф Ларсен, водечки автор на студијата. „Кога знаат дека секоја болест напредува поинаку, лекарите можат да утврдат порано дали некој има Ковид-19 или некоја друга болест, што може да им помогне да носат одлуки за самиот третман, истакна тој.

За да се предвиди редоследот на симптомите, Ларсен и неговиот тим ги анализирале стапките на појава на симптоми собрани од Светската здравствена организација (СЗО) за над 55.000 потврдени случаи на Ковид-19 во Кина. Тие исто така разгледаа податоци за 1.100 случаи собрани од кинеската група експерти за медицински третман за Ковид-19 помеѓу декември и јануари и обезбедени од кинеската национална комисија за здравство.

Од друга страна, за нив било важно да разликуваат симптоми на грип, па затоа ги анализирале и податоците од над 2.000 случаи на грип снимени во Северна Америка, Европа и јужната хемисфера.

Според наодите од студијата, симптомите на коронавирус се појавуваат по овој редослед: треска, кашлица и болка во мускулите, гадење или повраќање и дијареја.

Студијата открива дека кај пациентите со сезонски грип најверојатно најпрво ќе има кашлица, проследена со треска“, изјави за „Healthline“ д-р Роберт Глетер, лекар од болницата Ленокс Хил во Њујорк.

„Во реалноста, може да биде тешко да се препознае затоа што грипот често започнува нагло и со повеќе симптоми, вклучувајќи болка во грбот, чувство на страв и сува кашлица.

Според студијата, додека грипот обично започнува со кашлица, првиот симптом на Ковид-19 е треска.

Нашите резултати ја поддржуваат идејата дека температурата треба да се измери како метод за верификација пред да влезат во објекти, заклучуваат авторите на студијата.

Сепак, лекарите кои работат со пациенти со Ковид-19 велат дека, според нивното искуство, симптомите не можат да се предвидат толку лесно, во случај на сомневање за болеста, секогаш треба да се консултирате со матичниот лекар за понатамошните чекори и методите на лекување.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Ова е шокантниот момент кога вработен во болница се тепа со пациент кого го собори на подот во чекалната и го клоца после жестока...

Забава

Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам. На фотографијата се гледа како...