Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Студентско собрание на Економски факултет испрати барање за субвенција за сите дополнителни трошоци

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Минатата недела испративме барање до МОН, Министерство за финансии И Влада за субвениционирање на сите дополнителни трошоци, со кои студентите се соочуваат во текот на своето студирање.

Една недела немаме никаков одгвор. Нема одговор ни за првично побараната средба каде што сакаме темелно да ги изнеземе нашите ставови.

Нашето барање за субвенција се состои од трошоци кои ги поделивме во дре групи: првата група на трошоци се состои од сите трошоци со кои се соочуваат студентите при упис на семестарот, со исклучок на партиципацијата. Тука се трошоцоте за книжен фонд, лабораториски вежби итн. 2 група на трошоци се состои од сите трошоци со кои студентите се соочуваат во текот на семестрите, а значат редовно и континуирано извршување на обврските.

Сите факултети во зависност од природата на материите на предметите си имаат специфични побарувања во однос на оваа група трошоци. Тука се трошоците за пријави, потврди, уверенија, инструменти за лабораториски вежби, макети итн.

Државата едноставно мора да ги зголеми средствата за образование и наука. Впрочем, како и што се обврзаа најголемите политичките партии пред изборите и ветија 5% од БДП да се наменети за образование, мора веднаш тие ветувања да се имплементираат. Во 2017 и 2018 година за истражувања и развој беа издвоени околу 0.30% од БДП. Процентот за наука мора да се движи кон 2% од БДП.

 Факултетите се оставени на цедило, а најгоемиот товар паѓа врз грбот на студентите. Ние сме колатералната штета. Ги повикуваме професорите, асистентите, сите студенти и целокупна академска заедница да застанеме цврсто кон остварување на овие барања. Овие барања и зголемувањето на средствата за образование и наука значат инвестиција, која десеткратно повеќе ќе ни се исплати во иднина.

Овие средства во форма на субвениција префрлени на Домашната Платежна Картичка на студентите, ќе значат зголемена потрошувачка, поттик на економскиот раст, како и неминовен стимул на домашното производство.

Претседател на Факултетско студентско собрание на Економски факултет,
Илија Колев

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...