Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Пророк Бил Гејтс со предвидување КОЕ Е НАЈДОБРОТО СЦЕНАРИО ЗА КОРОНАВИРУСОТ (ВИДЕО)

Бил Гејтс овие денови едноставно не може да престане да ги изнесува  своите мислења за коронавирусот. Во неговото последно размислување, тој  предвиде дека пандемијата ќе заврши до 2022 година, а вели дека тоа ќе се случи благодарение на вакцините.

Во интервју за „Фокс њуз“, основачот на „Мајкрософт“ предвиде дека животот ќе се врати во нормала за луѓето во САД до летото 2021 година, заради напредокот направен во развојот на вакцините против оваа болест.

Гејтс истакна дека очекува на почетокот на следната година САД да започнат со одобрување вакцина за јавна употреба. Тој рече дека е „оптимист“ за пандемија што нема да трае бесконечно.

– Крај на епидемијата? Најдобриот случај е веројатно во 2022 година, но во текот на 2021 година, треба да можеме да го намалиме бројот на пациенти ако му пристапиме на проблемот на глобално ниво, изјави Гејтс за Фокс њуз во неделата.

– Значи, знаете, фала му на Бога што постои технологија за вакцини, дека беа финансирани истражувања, и дека компаниите ги ставаат своите најдобри луѓе на тоа. Затоа сум оптимист дека ова нема да трае бесконечно, додаде тој.

Милијардерот рече дека смета оти Агенцијата за храна и лекови на САД може да одобри „три или четири“ формули за вакцини. Тоа би го отворило прашањето како ќе се дистрибуираат вакцините, рече Гејтс, велејќи дека е разочаран што САД не планираат да ги произведуваат и дистрибуираат вакцините во посиромашните земји.

– САД не се покажаа во помошта за купување вакцина за земјите во развој, се пожали тој. Гејтс е голем инвеститор во фармацевтскиот сектор и насочи милиони долари само на развој на седум различни вакцини против Ковид-19.

Тој претходно рече дека меѓу 70 и 80 проценти од светската популација ќе мора да се вакцинираат против вирусот пред некој да се надева дека повторно ќе се живее нормален живот.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...