Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Нема да има решение за Косово БЕЗ КОМПРОМИС ОД СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет денес изјави дека е невозможно Белград и Приштина да постигнат договор без компромис, како што рече, од сите страни

Целта на Вашингтон е да поттикне процес кој ќе кулминира со целосно нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Според него, напорите за решавање на политичките проблеми се одолговлекуваат со години, без да се постигне голем напредок. Затоа, рече тој, САД одлучија да се фокусираат на решавање на економски прашања.

– Она што претседателот на САД Доналд Трамп сака да го стори е да се фокусира првенствено на економскиот аспект. Напорите за решавање на сите политички прашања траат со години, без позначителен напредок. Затоа претседателот праша: Зошто да не го оставите ова настрана и прво да се фокусирате на економски прашања што се толку важни за обичните граѓани на двете земји, рече Коснет во едно интервју.

Мислиме, рече тој, дека ова веќе дава резултати и она што го правиме во економска смисла има за цел да ги надополни и охрабри чекорите што ќе се преземат во политичка смисла.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...