Пред точно две години на протестите кои Палевски ги организираше , побара македонскиот народ да се угледа на рускиот и со погрдни зборови го омаловажуваше американскиот амбасадор.
Обраќајќи им се на присутните Палевски земјите членки на НАТО ги нарече убијци и побара северо-атлантската алијанса да си замине од Македонија.
Сега Палевски добива огромна помош и поддршка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , а огромен простор му овозможуваат и медиумите блиски до опозицијата, иако ВМРО-ДПМНЕ сеуште се декларира како прозападна партија.
Еве што точно говореше Палевски во јуни 2018 :
- Македонија несака НАТО, Македонија имала платена војска и ја извисила многу векови, години пред ова НАТО. Најлоповската, најсмртоносната организација и не треба да се плашиме тие убијци да ги избркаме од нашата држава – кажа Палевски.
Мицкоски за во среда најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ, а како прва причина е наведен токму Љупчо Палевски.
