Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски избра нов ИК, Јанушев и Муцунски се повлекле

На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен.

Мицкоски рече дека пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.

Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена на раководството поради лошите изборни резултати, но тоа барање било одбиено.

Избрани се новите членови на Извршниот Комитет, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Генералниот секретар Игор Јанушев од лични причини си поднел оставка, по што како што рече Мицкоски ќе се избере нов генерален секретар, претседател на унија на жени и на ветерани.

Според информациите на медиа.мк и Тимчо Муцунски ја одбил понудата на Мицкоски за место во новиот извршен комитет.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...