Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мисајловски: НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО ЌЕ СЕ СЛЕДИ НАСТАВАТА

Владо Мисајловски, пратеник во Собранието на денешната собраниска седница рече дека сакал да се обрати на замениците министри, но тие не биле присутни и укажа дека Заев во својот говор не кажал ништо повеќе за замениците министри за да граѓаните знаат нешто повеќе за нив.

-Во говорот на Заев не слушнавме ништо за нив, ниту кои се нивните квалитети, начинот на работа кои се оние проекти кои што ќе ги  водат и за што ќе бидат задолжени. Јас знам дека оваа мафијашка Влада ќе размислува на освета, реваншизам, како да се загорчи работењето на опозицијата, посочи тој.

Мисајловски во своето обраќање зборуваше  за темата за економијата и за Ковид кои се многу важни како и за поскапувањето на струјата.

-Дали знаете господине Заев дека вечер пред Влада ќе дојдат мајки кои ќе плачат бидејќи не знаат што да прават со своите дечиња, дали знаете дека тие жени сакаат да се вратат на работа, но не можат. Дали знаете дека тие жени не се криви, оваа ситуација е вонредна ситуација. Додека се одржуваа лидерски средби, знаете многу добро додека се носеше вонредна ситуација, се збореше за нови уредби за законот за марихуана. Но изгледа во овој период се пропушти шанса за овие луѓе. За десетина дена дечињата треба да започнат на училиште, но никој не знае како оваа земја дечињата на кој начин ќе следат настава. Јас ова го зборев и во изборна кампања. Јас имам две дечиња и не знам како тие ќе ја следат наставата, истакна пратеникот.

Тој во врска со сето ова додаде дека овде има и друг проблем а тоа е дали приватните компании ќе ги отпуштат од работа оние родители кои имаат мали деца и тоа е тема која треба да се реши.

Имено Мисајловски укажа и на темата дали Албанците ќе им се даваат субвенции, дали на другите етникуми треба да им се даваат субвенции, каде потенцираше дека според него оној што е квалитетен треба да добие работа и најдобрите нека се вработат, а не по етничка основа.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...