Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Зошто возачите најмногу КУПУВААТ БЕЛИ И ЦРНИ КОЛИ (ВИДЕО)

Според податоците објавени од компанијата БАСФ, во 2019 година, овие 4 нијанси се најзастапени кај 78% од возилата на патиштата.

Клиентите најмногу се определиле за бела (39%), потоа со црна (16%), сива (13%) и сребрена (10%).

CNBC го побара одговорот на прашањето зошто огромното мнозинство возачи се одлучуваат за монохроматски бои. Во игра се бројни фактори, вклучувајќи го и фактот дека белата, црната, сивата и сребрената боја „одат со сè“, како и дека се достапни кај скоро секој модел на пазарот.

Овие нијанси исто така не излегуваат од мода, за разлика од некои „екстравагантни“ бои кои подоцна можат да го одвлечат вниманието на сопственикот при препродажба на возилото.

Покрај тоа, на одредени пазари, клиентите имаат тенденција да ги купуваат своите возила директно од изложбениот салон, каде што веќе се изложени, наместо да ги нарачуваат одделно од фабриката во одредена боја и да чекаат некое време за испорака.

Ова е погодно за клиентите, бидејќи тие можат веднаш да влезат во нивниот автомоби, а дилерите обично одат на сигурно и нарачуваат копии во неутрални бои затоа што знаат дека ќе им биде полесно да ги продадат.

Важна улога игра и психологијата, а CNBC во својот извештај забележува дека сината боја е популарна кога станува збор за електрични возила.

Ова делумно се должи на производителите на автомобили кои кога електричните возила почнаа да стануваат популарни, честопати користеа одредена сина нијанса, па сега потрошувачите ја поврзуваат оваа боја со електричните возила.

Исто така, благодарение на подобрувањата во технологијата, се подостапни се повеќе бели, црни и сиви опции.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...