Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Вучиќ одговори КОГА ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОЛИТИЧКОТО РЕШЕНИЕ ЗА КОСОВО

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс изјави дека договорот за економска соработка меѓу Белград и Приштина нема нужно да го забрза политичкиот договор меѓу двете страни.

Белград и Приштина се согласија да преземат чекори кон економска соработка, вклучително и работа на заеднички инфраструктурни проекти, во договорите потпишани во Белата куќа овој месец, што САД и претседателот Доналд Трамп го нарекоа „чекор напред“ во односите меѓу двете страни, пренесува Ројтерс.

Александар Вучиќ ги опиша договорите како „голем чекор во вистинската насока“, но исто така истакна дека патот до политичката нормализација е уште далеку.

– Мислам дека ваквите договори се многу важни за да се зачува мирот и да се решат нашите проблеми еднаш засекогаш, да имаме јасна иднина за нашите деца – изјави Вучиќ за Ројтерс

Иако тој ја опиша економската соработка како клучна за какви било идни политички договори, Вучиќ рече дека тоа не значи да се каже дека се блиску до политичко решение.

Иднината на Србија Вучиќ ја гледа во балансирани односи и со Истокот и со Западот, дури и ако тоа би значело повремено лутење од двете страни.

– Ако живеете во мала земја што е географски лоцирана на раскрсница, тогаш вашата политика треба да биде одржување на мирот и стабилноста, или со тоа што нема да се расправате со никого, што е невозможно, или да се расправате со сите подеднакво – опиша тој сликовито за позицијата на Србија.

Вучиќ повтори дека Србија е на европскиот пат, но дека мора да живее и да има пријатели во САД, но и во Москва и Пекинг и да не се срами од тоа.

– Понекогаш, со цел да ја заштитиме нашата воена неутралност, остануваме целосно сами, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...