Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СЕДУМ ПОЧИНАТИ И 45 ЗАРАЗЕНИ од коронавирус изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна

• Скопје 6585, активни 584

• Куманово 1698, активни 207

• Дебар 276, активни 36

• Штип 1232, активни 63

• Прилеп 618, активни 131

• Тетово 1381, активни 173

• Струга 647, активни 62

• Велес 309, активни 36

• Битола 272, активни 65

• Охрид 405, активни 47

• Кавадарци 215, активни 33

• Гостивар 907, активни 110

• Гевгелија 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 175, активни 106

• Крива Паланка 96, активни 31

• Радовиш 71, активни 23

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 264, активни 104

• Пробиштип 104, активни 22

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 91, активни 12

• Пехчево 42, активни 11

• Берово 84, активни 26

• Валандово 17, активни 8

• Виница 98, активни 24

• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 316, активни 19

• Кичево 311, активни 38

• Ресен 160, активни 13

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...