Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, кој летово ја напушти Барселона и се врати во својот поранешен клуб Севиља, откри некои пикантерии од годините поминати на „Камп Ноу“. Хрватот зборуваше за неговиот однос со напаѓачите на каталонскиот тим Лионел Меси и Луис Суарез .
„Меси и Суарез и јас никогаш не сме биле пријатели. Мислам дека е тешко да се биде пријател со сите 23-24 фудбалери во еден тим. Најблиски пријатели ми беа Иниеста, тер Штеген, Боатенг и Фирпо. Но, јас ги почитувам и Лео и Луис. Тие беа мои соиграчи шест години. Секогаш добро се сложував со нив и многу ги почитував. За време на паузата поради пандемијата, сите бевме заедно, скоро како соседи. Многу сум им благодарен за начинот на кој се однесуваа кон мене сите овие години“, изјавил Ракитиќ.