Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВРИЕ од „превозници“ на мигранти: ФАТЕНИ ДВАЈЦА со полни возила

Во текот на вчерашниот ден во два одделни случаи биле „фатени“ две возила полни со мигранти. Првото било забележано во 12 часот на наплатната станица „Отовица” во Велес, кога полициски службеници од СВР Велес забележале товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил местото на настанот. Подоцна, на 500 метри од наплатната станица, полициските службеници го лишиле од слобода С.С.(38) од Скопје, а по преглед во возилото биле пронајдени 30 лица-мигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија. За настанот е известен јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар Винојуг. С.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.09.2020 околу 02.00 часот на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициска станица Сопот забележале патничко моторно возило „опел корса“ како остава три лица-мигранти и го напушта местото. Возилото било сопрено во с.Воиновиќ, Кумановско, при што било констатирано дека возилото го управувал Д.С.(41) од Велес. Мигрантите се предададени во Транзитен центар Табановце. Д.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

најчитани вести

Забава

Светски познатата поп дива, Мадона, ги загрижи обожавателите со својот последен пост на социјалната мрежа Instagram. Познато е дека Мадона имала одредени естетски зафати...

Македонија

Со реакции за вчерашното интервју на Премиерот Заев, денес се јавија и Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Некогашни лути политички ривали, а потоа и...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...