Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Угостителите го изразија незадоволството со КРШЕЊЕ ЧИНИИ ПРЕД ВЛАДИНАТА ЗГРАДА

Претставници на Здружението на угостители на Косово со кршење чинии пред зградата на Владата го изразија своето незадоволство поради недостатокот на институционална поддршка за овој бизнис, кој трпи големи штети од ограничувањата поради епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на Здружението, Петрит Клокоќи ги повика косовските угостители да се придружат на акцијата, како и на протестот на главниот приштински плоштад, закажан за 25 септември.

Преку овој симболичен чин го изразуваме нашето незадоволство поради немањето финансиска поддршка од институциите на Косово и неукинувањето на мерките кон угостителството. Исто така ги повикуваме сите угостители да се приклучат на оваа симболична акција, како и на протестот на 25 септември во 14 часот пред Собранието и Владата, изјави Клокоќи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...