Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Писмото со отров на Трамп му стигнало од Канада – ЕВЕ КОЈ ГО ИСПРАТИЛ

Republican presidential candidate Donald Trump speaks at a rally at the Fort Worth Convention Center on February 26, 2016 in Fort Worth, Texas. Trump is campaigning in Texas, days ahead of the Super Tuesday primary.

Полицијата ја идентификувала жената осомничена дека му испратила писмо на американскиот претседател што било затруено со отровен рицин. Ковертот, што веројатно од Канада е испратен на адреса на Белата куќа, го пресретнала американската полиција, јави Њујорк тајмс.

Писмото се чувало во посебниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа.

Федералното биро за истраги и нашите соработници од американската разузнавачка служба и Службата за поштенска контрола го анализираат сомнителното писмо, кое пристигна во центарот за пратки на американската влада, се вели во соопштението на ФБИ, како што објави Њујорк тајмс. Во овој момент нема индиции дека јавната безбедност е загрозена.

Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи затвор и канцеларија на шерифот. Заедничка работна група за борба против тероризмот работи на случајот во Вашингтон со помош на њујоршката полиција и Кралската канадска коњаница (РЦМП).

Истражителите рекле дека не е воспоставена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации, без откривање докази. Официјални лица, сепак, велат дека истрагата е во рана фаза и засега не исклучуваат каква било можноста.

Рицинот природно се наоѓа во рицинусовото зрно, но со посебен процес се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа по изложувањето на многу мала количина. Не постои познат противотров.

најчитани вести

Забава

Светски познатата поп дива, Мадона, ги загрижи обожавателите со својот последен пост на социјалната мрежа Instagram. Познато е дека Мадона имала одредени естетски зафати...

Забава

Марија Сол Перез, аргентинската водителка е една од најатрактивните жени во светот, а посилниот пол никогаш не е рамнодушен на нејзините фотографии и снимки...

Македонија

Со реакции за вчерашното интервју на Премиерот Заев, денес се јавија и Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Некогашни лути политички ривали, а потоа и...

Македонија

Денеска (26.11.2020) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при...