Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Пендаровски бара од Вартоломеј признавање на МПЦ: да бидеме еднакви со православните во светот

Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. 

Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година.

  • Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по повод почетокот на Новата црковна година. Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, вели Пендаровски.

Како претседател го информира Вартоломеј дека како држава, изминативе три години, „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања”.

Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, напиша шефот на државата.

-Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет, додаде тој во писмото.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...