Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

“Недопирливиот Папа” и неговиот брат се уапсените во полициската акција во Кичево(ексклузивно фото)

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои биле уапсени на булевар во центарот на градот. Ариф е бивш полицаец кој во 2017та бил избркан од МВР поради користење на хероин.

Двајцата според нашиот извор подолго време ги тероризирале граѓаните на Кичево, важале за доста брутални, па често нивна мета на закани биле и локални полицајци. Ариф бил познат како “Недопирливиот Папа”.

Во брза и ефикасна акција на специјалците биле уапсени пред очите на граѓаните на Кичево кои со аплауз ја поздравиле акцијата. Дознаваме дека во претресите се пронајдени големи количини на пари и дрога.

Браќата во извесен временски период се стекнале со големи куќи, скапи автомобили и многу пари кои биле стекнати на нелегален начин.

Повеќе детали се очекуваат за утре.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...