Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

„Марка“ открива кога почнала војната меѓу Бејл и Зидан

Герет Бејл се врати во Тотенхем. „The Sun“ пишуав дека Спарси и Реал Мадрид се договориле големата плата на фудбалерот од Велс да ја превземат, за прилична ефтина одштета од 13 милиони евра. Доколку оваа сезона мине како што треба, позајмицата може да биде продолжена на две години, поточно до истекот на договорот со “кралскиот“ тим.Во последните две сезони гледавме вистинска сапуница околу Бејл кој за изгуби мотивација во Реал и немаше никаков проблем да седи на клупата за резерви земајќи голема плата секој месец. Тој се скара со тренерот, Зинедин Зидан, соиграчите и навивачите. Требаше да замине минатото лето и да заигра во кинескиот шампионат, но дојде до пресврт.

Шпанска „Марка“ открива во кој момент се променил односот меѓу Бејл и Зидан. На 26. мај 2018 година, Зидан го стави Иско во првата постава за финалето во Лига шампиони против Ливерпул и Клоп, додека Бејл го остави на клупата.

За ова Велшанецот никогаш не му прости, влезе во игра во 61. минита и го реши мечот со два гола.

„Бејл беше пресреќен кога замина Зидан, но по неговиот кам-бек почна да размислува за заминување“, пишува Марка.

Сега веќе конечно ја исполни својата желба и го напушти Реал за Тотенхем.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција во која се апсат дилери и насилници во Кавадарци, запленета е одредена количина на...

Свет

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, се наведува во новата студија која ја цитира „Тајмс“. Конкретно пациентите кои се...

Македонија

Во своето гостување во телевизија Стар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше многу да го коментира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој го...

Македонија

ИТНО! ИТНО! ИТНО! Потребна е донација од крвна плазма од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19! Донацијата е потребна...